Категории

Најдобрите топли пијалоци пред спиење

Сакате ли топла чоколада?

Дали сакате да се напиете топол пијалок што ќе ве одведе во сладок сон? Тогаш изберете внимателно затоа што погрешниот пијалок може да предизвика да се превртувате цела ноќ во креветот.

Многумина обожаваат зелен чај, но чаша зелен чај нема да ви помогне да заспиете затоа што содржи кофеин.

 

Топло темно чоколадо

Да, топлото темно чоколадо содржи високо ниво на кофеин, со што се зголемуваат отчукувањата на срцето, но ефектите варираат кај секоја личност различно. Исто како што кафето не влијае на сите подеднакво, така и чоколадото не ја попречува работата на срцето кај сите луѓе. Доколку редовно го консумирате и не сте забележале негативни ефекти, загрејте чаша млеко и измешајте неколку парчиња темно (најмалку 85%) чоколадо.

 

Топло млеко

Калциумот помага да се смири централниот нервен систем, а лактозата (природен шеќер што се наоѓа во млекото) влијае на ослободување на ендорфини кој ослободува од стрес. Млекото содржи и аминокиселина триптофан, што мозокот го користи за производство на серотонин, што ја забавува нервната активност.

 

Топол билен чај

Камилицата се користела за лекување на несоница во стариот Египет. Други смирувачки инфузии кои помагаат да се намали стресот и да заспиете вклучуваат ѓумбир, портокали и мед.

Прегледи:
731
Објавено на:
05.02.2020