Категории

Најкорисните чаеви за зајакнување на имунитетот

Доколку сакате да го зајакнете имунитетот, веруваме дека тоа што го подготвивме за денес ќе ви биде корисно. Имено, ќе ви претставиме четири чаеви, кои можете да ги пиете без разлика на сезоната, а носат бројни придобивки.

Чај од куркума
Долги години куркумата се смета за вистинска суперхрана, бидејќи делува исклучително поволно на нашиот имунолошки систем и ублажува некои други проблеми. Чајот од куркума е ефикасен како превентива, но може да помогне и кога веќе сте болни.

Чај од ѓумбир
Друга исклучителна храна е несомнено ѓумбирот, кој го зајакнува имунолошкиот систем, ја ублажува мачнината, помага при болки во грлото… Можете да направите чај од ѓумбир, а во чајот по ваш избор можете само да изрендате свеж ѓумбир.

Чај од нане
Тој е еден од најпопуларните и најпознатите чаеви во светот. Нането го врзуваме за свежината и делува смирувачки. Покрај тоа, има антимикробно и антивирусно дејство, кое може да помогне при разни проблеми, а истовремено е богато со антиоксиданси.

Чај од камилица
Со векови, нашите предци користеле камилица за ублажување на разни болести. Чајот од камилица го зајакнува имунолошкиот систем, ги ублажува симптомите на настинка и исто така помага да се опуштите.

Прегледи:
420
Објавено на:
10.04.2022