Од планини во боја на виножито до розов песок, нашиот свет е преполн со чуда кои науката не успева да ги објасни, колку и да се труди.
Погледнете ги најмистериозните места во светот и откријте кои се интересните дестинации кои со децении привлекуваат туристи и научници, а никој не е сигурен како настанале и која е нивната цел на земјата.
Планината Виникунка во Перу е една од најубавите и најмистериозни места во светот. Познато е и под името „Планина на виножитото“, а научниците сѐ уште не успеале да објаснат како ова светско чудо завршило со преубави, разнобојни пруги.
Линиите Наска се феномен кој се наоѓа во близина на градот Наска во Перу. Тоа се големи геоглифи кои се простираат на дури 500 метри квадратни, секоја линија е долга и по 20 километри, а можат да бидат во различни облици. Бидејќи се многу големи, убаво се гледаат само од височина. Антрополозите се обиделе да откријат како настанале линиите Наска, но засега без успех.
Зошто настанува розовиот песок на плажите никому не му е јасно, но сите се сложуваат со едно – глетката е неверојатно убава!
Подножјето на вулканот Рано Рараку стана права атракција благодарение на Моаи статуите. Нивната бројка достигнува околу 400, датираат од периодот помеѓу 1000 и 1600. година, а некои се тешки и по сто тони. Тие веќе биле тука кога првите луѓе се населиле, па никој не знае како всушност настанале.
Сместена на ненаселениот дел на западна Шкотска, Фингаловата пештера од која одекнува шумот на брановите важи за едно од најмистериозните, но и најморбидните места во светот. Поради тие звуци ја нарекуваат и Мелодична пештера. Како настанала сѐ уште не е потврдено, но дел од научниците веруваат дека оваа морска пештера е всушност оладена лава во необичен облик.
Селото Индеин во Мјанмар е опколено со древни пагоди од два различни видови, а како настанале, сѐ уште не е сигурно, единствено е познато дека во будизмот се сметаат за свети историски реликвии.
Во Грифин во Полска се наоѓа една многу необична шума. Дрвата во таа шума имаа многу чуден облик. Некои тврдат дека ваквиот облик на дрвјата може да се објасни преку правецот на дување на силни ветрови, додека многу стручњаци не се сложуваат со тоа и понатаму се обидуваат да откријат поради што овие дрвја необично се виткаат во близина на коренот.