Категории

Најмладиот светски милијардер: Има само 25 години, наследил огромно богатство, а еве со што се занимава сега

После ненадејната смрт на неговиот татко, Хју наследил милијарди и стана најмладиот на листата на најбогати луѓе на светот.

Хју Ричард Луис Гросвенор стана седмиот војвода од Вестминстер после ненадејната смрт на неговиот татко. Освен титулата, во наследство добил и 8.1 милијарди евра, и со своите 25 години стана најмладиот на Блумберговата листа на најбогати луѓе во светот.

Младиот милијардер не беше во фокусот на јавноста, освен кога својот 21-ви роденден го прослави со раскошна прослава за 800 луѓе која чинела околу 5 милиони фунти.

Тој моментално работи како менаџер во компанија за рециклирање на талог од кафе и негово претворање во биогориво.

02-najmlad-milijarder-3

Неговиот татко, Гералд Кавендиш Гросвенор починал во вторникот на 9 август на 64-годишна возраст. Тој бил близок пријател на кралското семејство. Наследил големо земјиште во Лондон. Вредел 12.2 милијарди долари и според Sunday Times беше шестата најбогата личност во Велика Британија.

На семејната интернет страница стои дека историјата на семејството датира од предокот Гилберт кој со Вилијам Освојувачот пристигнал во Англија во 1066 година.

Прегледи:
455
Објавено на:
16.08.2016