Категории

Најмудриот совет за сите кои сакаат да имаат среќен живот

Постојано трчаме за пари, често заборавајќи ги нашите најмили и луѓето кои ни значат. Сите ја бараме среќата, а се чини дека таа бега од нас.

Еден 89-годишен старец од балканските простори има кажано неколку мудри зборови кои сите ние треба да ги послушаме

Кога го запрашале што е заедничко за сите луѓе на светот, тој рекол:

„Тоа што детството им е досадно, брзаат да пораснат, а потоа сакаат да бидат деца. Трошат здравје за да стекнат пари, а потоа трошат пари за да си го вратат здравјето. Живеат како никогаш да нема да умрат, а потоа умираат како никогаш да не живееле.“

Потоа тој им пренел многу важна порака на сите млади луѓе:

„Младите треба да научат дека никого не можат да присилат да ги сака. Треба да научат дека не е највредно тоа што го поседуваат, туку кои се во својот живот. Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите. Дека не е богат човекот кој највеќе има, туку оној кому најмалку му треба. Да научат дека неколку секунди се потребни за да ги повредиме оние кои ги сакаме, а потребни се години за да ги излекуваме. Да сфатат дека постојат луѓе кои нежно ги сакаат, но тоа не знаат да го кажат, ниту да го покажат. Да научат дека со пари можат да се купат многу работи, освен среќа. Да научат дека две луѓе можат да видат една работа, а различно да ја толкуваат. Треба да научат дека вистинскиот пријател е оној кој ги знае твоите маани, а сепак те сака.“

Дали после овие зборови ќе застанеме на момент и ќе се запрашаме дали грешиме некаде? Дали ќе кренеме рачна и ќе почнеме да обрнуваме внимание на светот околу себе? Тоа зависи од нас…

Прегледи:
301
Ознаки:
· ·
Објавено на:
19.11.2017