Категории

Најнеобичниот часовник во светот се наоѓа во Прага – Функционира уште од 1410

(ВИДЕО) Не сме сигурни дали вистински постои време како категорија, но интерно време кое ние можеме да го измериме, постои, а стариот астрономски часовник во Прага и понатаму предизвикува возхит.

Прашкиот Орлој е најпознатиот астрономски часовник на светот. Тој е украсен со многубројни симболи а за него се поврзани и некои од најстарите прашки легенди. Орлој се наоѓа на катедралата Лунд, кај стариот плоштад во центарот на Прага.

Тој има специјално изграден бројчаник кој ја покажува положбата на Сонцето, Месечината, зодијачката констелација и поедини главни планети.

Прашкиот Орлој покажува средновековна перцепција на времето, па тој има и историско значење. Планетата Земја се наоѓа во центарот на часовникот. Синиот дел од овој круг претставува небо над хоризонтот а кафеавиот дел небо под него.  Исток, запад, изгрејсонце и самрак се испишани на латински јазик околу хоризнтот па така даваат координати за страните на светот.

На овој астрономски часовник се наоѓа и зодијачки прстен кој претставува положба на ѕвездите на небото и се движи спрема нивната положба. Сонцето и Месечината се наоѓаат на посебни сказалки и се движат по „патот“ на зодијакот на тој начин покажувајќи каде се наоѓаат во однос на ѕвездите.

На часовникот се наоѓаат уште три мали часовници, круг кој покажува: Старо Чешко време (надворешен круг), средноевропско време (централен круг) и вавилонско време (внатрешен круг). Вавилонското време иначе се разликува по сезона – сатите се пократки во зима а подолги во лето, а Орлој е единствениот часовник на светот кој е во состојба да ги мери. Освен трите различни начини на мерење на времето, сказалката со ѕвезда го покажува и сидералното време.

Прегледи:
913
Објавено на:
03.12.2020