Категории

Најновите истражувања покажуваат дека мажите се поверни и поромантични од жените

Психолозите од најстариот форум за запознавање на сродни души – Match.com спроведоа истражување меѓу луѓето од старосна граница помеѓу 20-60 години.

Многу одговори на мажи на тој сајт открија неочекувани резултати. Само 3% од мажите изјавиле дека поминуваат време на интереснет поради „лесен плен“ и необавезни врски.
Додека 50% од жените ги прекинуваат врските поради неквалитетни интимни односи. Психолозите не ни мислеле дека разликата помеѓу мажите и жените е толку голема.
Истражувањето било во корист на мажите, и покажало дека тие се многу поверни од жените. Поголемиот дел од мажите отколку жените, биле заљубени и веруваат во љубов на прв поглед, и склони се кон разменување нежности, повеќе се заинтересирани за сериозна врка дури и ако не се заљубени и не чувствуваат привлечност.

Голем дел од мажите се изјасниле дека сметаат дека треба да живеат заедно со своите партнерки пред бракот, додека многу малку жени го мислеле истото. Истражувањето покажа дека мажите во подоцнежните години сметаат дека имаат многу посреќна врска и брак од помладите мажи.

Прегледи:
435
Објавено на:
17.10.2019