Категории

Најпопуларниот статус на Фејсбук овие денови, кој ги воодушеви сите!

Кога Тони Емс се вратил дома од работа ја затекнал својата сопруга Шарлот и синот како спијат. Тој ги фотографирал и покрај трогателен коментар, ја објавил фотографијата на својот Фејсбук профил.

Тој сакал да им се обрати на сите татковци, вработени и уморни, чии сопруги остануваат дома да ги чуваат нивните заеднички деца, но тој не се ни надевал дека неговата објава ќе стане хит на интернетот, дури и надвор од границите на Англија.

“Понекогаш на оваа жена не и ги давам заслугите кои ги заслужува. Кога ќе дојдам дома од работа таа секогаш е уморна, а јас сум тој кој работел цел ден. Меѓутоа, во последно време размислував што прави оваа неверојатна жена кога не сум дома. Сигурно се одмара, седи со бебето и гледа телевизија, зар не?”, почнува тој.

“Одговорот е НЕ. Кога јас ќе отидам на работа, таа станува и се подготвува за стресниот ден кој ја чека. Бебето плаче бидејќи е гладно, но и таа е. Таа не јаде, бебето јаде. Таа си игра со него, ги менува неговите пелени, па потоа повторно си играат. А кога тоа ќе заспие, таа има време да се одмори, но наместо тоа таа ги мие садовите. Кога бебето ќе се разбуди, мајка му се уште не ни доручкувала, но таа не јаде, туку му подготвува ручек на бебето, а после ручекот тоа повторно бара да си играаат. Запамтете, мајката уште нема појадувано, а иако спремила се, играчките се расфрлани низ подот. Во тоа време доаѓам од работа и се нервирам дека мајката не ја средила скроз собата, туку спие. Но, всушност, таа цел ден работела и се грижела за нашето дете кое е среќно и здраво. Ако било кој татко се чувствува као што се чувствував јас, само нека помисли на тоа што се прават мајките. Почитувајте ја мајката на вашето дете. Таа е посебна, таа се откажала од се за да го одгледува вашето заедничко бебе. Навистина ги сакам овие две ‘поспани’ бебиња и тие заслужуваат одмор”, напиша таткото покрај фотографијата.

Прегледи:
618
Категории:
Занимливости
Објавено на:
08.02.2016