Категории

НАЈСЕКСАПИЛНИОТ КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ ШТО ЌЕ ГО ВИДИТЕ ОВА ЛЕТО

Неодоливиот црвен фустан што го носеше на Канскиот филмски фестивал беше само вовед во нејзините провокативни изданија.

А ова е нејзината најнова провокација …

Познатата манекенка Бела Хадид го облече својот омилен костим за капење направен од тексас со кој совршено ги истакна нејзините бедра и витка половина. Таа позираше во овој модел и ги воодушеви фановите со оваа фотографија што ја објави на социјалните мрежи.

Сестрата на Џиџи Хадид и ќерка на бившата манекенка Јоланда Фостер ова лето ужива со своите најдобри пријателки. Станува збор за подеднакво привлечни и сексапилни девојки, а една од нив многу добро ја познавате.

Да, тоа е Кендал Џенер, младиот неприкосновен талент за провокации. Таа е девојката која седи и „позира“ во средината, во црвен костим за капење, а ова уживање е воедно и прославата на нејзиниот 19 роденден.

И таа своите фанови преку социјалните мрежи ги почести со неколку провокативни фотографии од тропската дестинација, но очигледно дека овој пат ја изгуби битката од нејзината најдобра пријателка, Бела Хадид.

Што мислите вие, кој изгледа посекси – Бела или Кајли?

Прегледи:
397
Објавено на:
28.08.2016