Категории

Најубавата посна чоколадна торта со банани: Вегански рецепт кој носи ЉУБОВ

Рецепт за посна чоколадна торта со банани – без јајца, без млеко! Совршен вегански десерт!

Посната чоколадна торта со банани ќе им се допадне на сите ваши драги луѓе, па можете да ја направите како подарок за празниците или да ги послужите на вашите гости. Шириме љубов, шириме убави вкусови!

 

Состојки:

  • 15 сушени урми
  • 250 грама бадеми
  • ⅓ соино, бадемово или овесно млеко
  • 170 гр темно чоколадо
  • 2 банани

 

Пдготовка:

Намачкајте тенок плех со кокосово масло и оставете го настрана. (Правоаголен плех за печење 35 x 12 см или округол плех со дијаметар 22 см)

Исчистете ги семките од урмите и ставете ги во блендер, додадете 200 грама бадеми, па вклучете и блендирајте додека убаво не се соедини (нормално е да имате помали парчиња бадеми во смесата). Добиената смеса истурете ја на плехот.

 

Искршете го чоколадото на помали парчиња и ставете го во огноотпорен сад. Загрејте го млекото додека не зоврие, а потоа истурете го врз чоколадото и мешајте додека не се изедначи.

Одделете, доколку сакате помала количина чоколадо за декорирање, а остаток прелијте го преку кората.

Исечете ги бананите на парчиња и наредете ги врз чоколадото. Исечкајте 50 грама бадеми и посипете ги врз тортата и прелијте го остатокот од чоколадото врз сè.

Оставете да се излади во ладилник еден час или подолго пред да послужите.

Прегледи:
3468
Објавено на:
17.12.2019