Категории

Највалканиот човек на светот – Поради љубов не се искапил 65 години

Аму Хаџи, 83-годишен Иранец, неофицијално е највалканиот човек на светот, бидејќи не се бањал 65 години.

Аму Хаџи, 83-годишен Иранец, неофицијално е највалканиот човек на светот, бидејќи не се бањал 65 години. Причината за тоа е – неговиот страв од вода, но и неговите љубовни маки. Хаџи верува дека ќе се разболи ако се бања, и поради тоа верување, не се бања повеќе од шест децении.
Она што изгледа незамисливо за поголемиот дел од светот, за него е секојдневие – живее во иранската пустина и јаде месо од мртви животни. Затоа некои велат дека тој би бил sвезда на шоуто за опстанок со славниот Бер Грилс.

Од друга страна, гледа дека малку се грижи за своето здравје, па затоа пие многу вода – дури и околу пет литри дневно. Додуша, од ‘рѓосана конзерва.
Исто така, сака да пуши, но кога ќе снема цигари што некој му ги дава, вдишува сув измет од крава од цевка.

Хаџи нема дом, но скита во близина на изолираното село Дезга во јужната иранска провинција Фарс и живее во дупки направени во пустината надвор од селото. Иако селаните му изградиле колиба, тој одлучил да не живее таму, само повремено да се крие во неа по потреба. И зошто Аму живее така, што го натера да живее без основни хигиенски услови, речиси без никаков контакт со цивилизацијата?

Локалните жители веруваат дека скршеното срце е причината зошто Аму Хаџи избрал таков начин на живот. Тој наводно доживеал љубовен бродолом во младоста, и од тага завршил онака како што завршил. Сепак, тој се уште не се откажал и сака да најде љубов.

На пат, тој речиси се спои со неговата околина, така што неговата кожа е во иста боја како и земјата околу него. Локалните жители дури велат дека понекогаш го мешаат со поголем камен или карпа кога мирува. И така, без да се грижи за удобноста, миризливиот туш, разновидната храна, Хаџи го живее својот номадски живот, што, се чини, му е драг.

Единственото прашање е, ако ја најде љубовта што ја бара, колку ќе биде примамливо за неа.

Прегледи:
518
Објавено на:
09.08.2021