Категории

Највкусен зимски десерт готов за 15 минути: Цимет ролни со неодолив вкус! (РЕЦЕПТ)

Цимет ролните се неизоставен зимски десерт кој отсега може да го направите за само 15 минути. Имено, тајната е во тоа што тестото се прави од само две состојки – брашно и грчки јогурт, без квасец и јајца.

Состојки за тесто:

  • 180 гр грчки јогурт
  • 150 гр „self rising“ брашно (може да го направите сами, само помешајте: 150 гр брашно, 1,5 лажица прашок за пециво и четвртина лажица сол)

Состојки за глазура и фил

  • 30 гр несолен путер (стопен)
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • 6 лажици шеќер во прав
  • 4 лажички млеко

Подготовка:

За да го обликувате тестото, помешајте го грчкиот јогурт и мешавината од брашно. Тестото ставете го на побрашнета подлога и растегнете го во правоаголник со дебелина околу половина центиметар.

Стопениот путер помешајте го со шеќер и цимет. Смесата распределете ја по целото тесто, па оставете простор на врвот.

Тестото цврсто извртете го, но бидете нежни да не се скине, а потоа згмечете го и отсечете го краевите. Исечете го тестото со нож на пет еднакви делови.

Ставете ги ролните со цимет во сад за печење и печете ги на 160 степени Целзиусови 15 минути, додека врвовите не добијат златно кафеава боја. За прелив помешајте шеќер во прав и млеко додека не добиете убава смеса. Прелијте ја глазурата преку топлите ролни и послужете.

Прегледи:
658
Објавено на:
08.11.2021