Категории

Највкусните палачинки од француската кујна (рецепт)

Палачинките се десерт кој го обожаваат сите. Омилен им е на децата, но и на повозрасните. Тие топејќи се во устата совршено ја задоволуваат потребата за нешто благо и вкусно.

Познатиот француски слаткар Pierre Herme во чии палачинки уживаат многу луѓе, го открива својот рецепт.

 

Потребни состојки за 35 палачинки:

  • 200 гр. брашно
  • 50 гр. шеќер
  • 500 мл. млеко
  • 1 ванила
  • 5 јајца
  • кора од 1/4 лимон
  • кора од еден портокал
  • 10 мл. темен рум
  • 100 гр. путер

Начин на подготовка:

Загрејте го млекото и додадете ванила. Промешајте убаво и тргнете го садот на страна околу 30 минути за млекото да добие арома. Кога ќе се олади процедете го. Во меѓувреме растопете го путерот, а потоа оставете го и него да се олади. Изрендајте ја ситно кората од лимон и портокал и додадете шеќер. Просејте го брашното во сад, додадете шеќер и направете дупка во средината во која ќе ги додадете јајцата кои претходно ќе ги изматите со млекото. Измешајте. Кога ќе добиете мазна смеса додадете го оладениот путер и рум и оставете ја смесата да мирува најмалку 4 часа.
Палачинките можете да ги послужите со домашен џем, топено чоколадо, сезонско овошје или јаткасти плодови.

Пријатен апетит !

Прегледи:
614
Објавено на:
11.04.2019