Категории

Наоми Кембел ужива во мајчинството: Нема поголема љубов!

Манекенката пред неколку месеци објави преку социјалната мрежа Инстаграм дека стана мајка и со тоа и се оствари долгоочекуваниот сон. Името на ќерката како и таткото сѐ уште се тајна.

Најуспешниот модел на сите времиња Наоми Кембел (51) за интервјуто на „The Cut“ откри дека благодарение на сурогат мајка доби ќерка, чие име сѐ уште не е познато на јавноста. Супермоделот сѐ уште го нема покажано лицето на ќерка си, но на Инстаграм дели нејзини модни комбинации. На последната фотографија малото девојче носи чевли на Донатела Версаче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)


„Благословена сум што сум нејзина мајка. Чест ми е што ја имам оваа нежна душа во мојот живот и немам зборови да ја опишам оваа поврзаност која ја делам со тебе, мој ангеле. Нема поголема љубов!“