Категории

Направете брза и вкусна погача (РЕЦЕПТ)

Ова е едноставен рецепт за правење вкусна погача во која ќе ужива целото семејство!

  • 1 сеж квасец
  • 250 мл млако млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 250 мл кисело млеко
  • 100 мл масло
  • 2 јајца
  • 2 лажички
  • сол
  • 1 кг брашно
  • 100 гр маргарин (за премачкување)
  • 200 гр солена изварка

Квасецот, млекото, шеќерот и малку брашно измешајте ги и оставете ја смесата настрана, петнаесетина минути. Потоа додајте ги другите состојки, а брашното постепено, месејќи. Не се додава целото брашно одеднаш, па кога ќе видите дека се формирало тесто, набрашнете ја работната маса па продолжете со месење. Покријте го и оставете го од прилика 1 час да се дуплира, да скисне. Поделете го на 4 дела. Секој дел малку расукајте го, премачкајте го со дел од маргаринот и ставете од изварката. Повторете ја постапката и со другите два дела од тестото и редете ги едно врз друго. Последниот дел исто расучете го, но не го мачкајте туку ставете го најгоре. Сега со раце стегајте го одозгора, да го развлечете во големина на пекачот. Пресечете го на 4 дела, секој дел измотајте го и ставете ги во пекачот кој сте го обложиле со хартија. Можете одма да го ставите во ладна рерна па да ја приклучите на 200 степени или да ја оставите погачата најпрво да скисне, премачкајте ја со јајце, наросете сусам и печете во загреана рерна се додека убаво не зарумени.