Категории

Направете ја оваа здрава и превкусна салата од морков, бадем, брусница…

За да направите здрава салата, потребно ви е малку имагинација и неколку проверени состојки. Ви претставуваме еден таков рецепт.

Состојки:

  • 15 мл свеж исцеден сок од лимон
  • половина лажичка мед
  • една лажичка свеж изрендан или мелен ѓумбир
  • малку цимет
  • малку сол
  • 250 грама рендан морков (може да додадете и малку рендана зелка)
  • 35 грама брусница (свежа или сушена)
  • 25 грама исечкани бадеми

Подготовка:

Помешајте го сокот од лимон, ѓумбирот, медот, циметот и додадете го морковот, зелката и брусницата. Сето тоа промешајте го добро и украсете со исечканите бадеми.

Енергетска вредност: 73 калории, 2 грама масти, 15 грама јаглехидрати, 1 грам протеин, 2 грама влакна, 58 мг сол.

 

Прегледи:
722
Објавено на:
17.04.2018