Категории

Направете принцес крофни: Брзо се подготвуваат, сочни се и полни со крем! (РЕЦЕПТ)

Ако сте љубител на принцес крофните, тогаш знаете колку понекогаш е комплицирано да се направи тестото за нив. Освен тоа, треба и да се полнат.

 

Процесот може да трае со часови. За среќа, пронајдовме рецепт со чија помош ќе ги направите брзо и едноставно.

Состојки за тесто:

  • 500 мл вода
  • 160 гр путер
  • 500 гр брашно
  • 3 јајца
  • лажичка шеќер 
  • прстофат сол (по желба)

Состојки за крем:

  • околу 100 грама чоколадо, мармалад, шумско овошје или друг сладок додаток по желба

Подготовка:

  • На самиот почеток чоколадото, мармаладот или другиот сладок додаток распоредете го во калап за коцки лед и ставете го во замрзнувач еден час.
  • За тоа време, путерот ставете го да се загрее и додадете вода и оставете да проврие.
  • Кога водата ќе почне да врие, додадете брашно и добро измешајте, па додадете ги јајцата.
  • Секако, не престанувајте да мешате.
  • Кога ќе измешате, смесата ставете ја во шприц.
  • Извадете ги заледените коцки мармалад или чоколадо, па околу нив нанесете смеса во облик на крофни.
  • Запечете ги во врело масло.
  • На крај, слободно поминете ги во шеќер во прав!
Прегледи:
829
Објавено на:
19.01.2019