Категории

Направете совршен ручек: Потребни ви се компири и малку креативност! (РЕЦЕПТ)

Сакате рустикална храна која едноставно и лесно се подготува? Ви претставуваме рецепт за мусака која сигурно ќе стане редовен оброк на вашата трпезариска маса.

СОСТОЈКИ:

– 2.5 кг компир

– 2 дл млеко

– 3 дл кисела павлака

– 2 кромиди средна големина

– 50 гр тврдо сирење по желба (рендано)

– 1 ловоров лист

– 1 чешне лук

– сол, бибер

– путер

ПОДГОТОВКА:

Ставете го млекото, ловоровиот лист и лукот во сад. Варете ги 2 до 3 минути, извадете го лукот и ловоровиот лист и оставете го млекото да се олади. Потоа во него измешајте ја киселата павлака и посолете. Исечкајте го кромидот на кругчиња (или на ситни коцки) и додадете малку путер, масло или свинска маст додека не пожолти. Исечкајте го компирот на тенки кругови. Премачкајте го со путер подлабокиот сад. На дното на садот наместете ги парчињата компири, посолете и побиберете. Кога ќе го прекриете дното на садот, преку компирите ставете го кромидот. На него додадете ги останатите парчиња компири, посолете и побиберете. Прелијте го компирот со мешавина од млеко и павлака. Прекријте го садот со алуминиумска фолија и ставете во рерна загреана на 180 степени и печете 45 минути. Отстранете ја внимателно фолијата од садот. Бидете внимателни за да не се изгорите од пареата која излегува од садот. Преку компирот ставете го изренданото сирење и вратете го садот во рерната. Печете додека оброкот не биде во златно-жолта боја.

СОВЕТ:

Можете да додадете зачини по вкус, како на пример рузмарин, чили… Ако сакате да додадете и месо, кромидот пропржете го заедно со парчиња сланина кои ќе дадат убава арома. Слободно на компирот пред печењето додадете ситно сецкан коренест зеленчук, како морков или корен од целер. Со овој оброк совршено одговара обична зелена салата или грчка салата направена од пиперки, домат, свежи краставици и кромид.

Прегледи:
514
Објавено на:
04.05.2018