Категории

Направете совршени мафини од авокадо и банана! (РЕЦЕПТ)

Не само што тие се многу вкусни и лесни за подготовка, тие исто така се многу погодни за ужина на работа или на училиште, како и за појадок на пат до работа, итн.). Денешниот рецепт за мафини содржи најздрави состојки, така што покрај тоа што ќе уживате во засладувањето, во вашето тело ќе можете да внесете и многу корисни материи.

Состојки:

  • 1 зрело авокадо
  • 2 големи зрели банани
  • 2 јајца
  • 2 лажици мед (или јаворов сируп, кокосов шеќер)
  • 1 лажичка ванила
  • 2 чаши оризово брашно (за верзија без глутен користете безглутенско брашно)
  • 2 лажички прашок за пециво или сода бикарбона
  • 1/4 чаша сецкано чоколадо

Подготовка:

  1. Во блендер изблендирајте го авокадото, бананите, јајцата, медот и ванилата.
  2. Во поголем сад, измешајте го брашното со прашокот за пециво.
  3. Измешајте ја смесата од авокадо и банана со сувите состојки и додадете го чоколадото. Не претерувајте со мешање, бидејќи во тоа е тајната за најдобрите мафини.
  4. Калапот за мафини подмачкајте го.
  5. Истурете ја смесата со лажица.
  6. Печете ги 20-25 минути на 180°С.
  7. Извадете ги од рерната и почекајте да се оладат.
  8. Извадете ги мафините од калапот и сервирајте.
Прегледи:
717
Објавено на:
07.02.2022