Категории

„Направи сам“ идеи со кои ќе ја отворите пролетната сезона во дворот

Време е да го разбудите дворот од зимскиот сон! Извадете ги цвеќињата надвор, направете нови полици на кои ќе ги изложите, додадете неколку светилки за поромантична атмосфера и прошарајте го стариот мебел.

Сето тоа подобро е да ви одземе неколку часа, отколку многу пари, па затоа ви предлагаме неколку „направи сам“ проекти на кои досега не ви текнало.

Отворете ја пролетната сезона:

1. Направете табуретки за седење од стари гуми и дебело јаже.

2. Белите новогодишни светилки закачете ги на дрвјата, наместо да ги чувате спакувани во кутија до следните празници.

3. Направете полица од обичните дрвени палети.

4. Сами направете патеки од старите даски – доволно е само да ги наредите во земјата.

5. Искористете ги бетонските блокови како ногарки за клупа.

6. Старите гуми лесно може да станат саксии – само наполнете ги со земја и закачете ги со синџирче.

7. Искористете ги пресечените трупци како масички.

8. Вертикалните џепчиња за на врата искористете ги како саксии.

9. Шанк од палети и бетонски плочки е секогаш добра идеја.

10. Или од старо дрвено буре.

Прегледи:
2813
Објавено на:
25.04.2016