Кога одлучила драстично да го промени својот начин на живот, потрошила 10.000 $ за нејзинот нов дом, од кои 5.000 $ отишле на материјали, а другата половина ја инвестирала во соларни панели и специјални прозорци со ниска топлинска емисија.
Ди Вилијамс некогаш живеела во куќа од 185 м2 која имала три спални. Меѓутоа, патувањето во Гватемала каде што помагала во изградба на локални училишта ѝ го промени животот и сфатила дека нејзината куќа е премногу голема за неа и дека не ѝ е потребна. Кога одлучила драстично да го промени својот начин на живот, потрошила 10.000 $ за нејзинот нов дом, од кои 5.000 $ отишле на материјали, а другата половина ја инвестирала во соларни панели и специјални прозорци со ниска топлинска емисија. Таа во Портланд, во американската држава Орегон, три месеци го градела својот нов дом, а потоа го закачила за камион и ја однела во дворот на нејзините пријатели во Вашингтон. Патувала седум години во континуитет, но во последните две години, одлучила да ги сопре своите тркала.
Нејзината нова куќа од 8 м2 преставувала почетна идеја за отварање на компанија PAD, која ќе се занимава со создавање на мали куќи и други работи и простори кои одговараат на димензиите на човечкото тело. Иако на почетокот било тешко да се “ползи” во новата куќа, скромниот и практичниот дом ја прави за биде среќна и сфатила дека тоа е тоа што ѝ е потребно за живот.