Категории

Народни верувања: Што не смее да се прави во петок?

Петок е ден за кој се поврзани можеби најмногу верувања, особено што долго време се сметал за „баксузен“.

*Во петок никако не треба да се чешлате, затоа што се верува дека от тоа ќе добиете главоболка и косата побрзо ќе ви поседи.

*Често може да слушнете како постарите домаќинки велат дека во петок не се мијат алишта, не се усисува, ниту се прават било какви други домашни работи. Некои велат дека не е добро ниту да се бањате и да ги сечете ноктите во петок зошто ќе привикате болести и беспарица.

*Се верува дека сите работи треба да се завршат во петок, а нови никако не треба да се започнат на овој ден.

*Уште една работа никако не треба да ја прави во петок, доколку сакате да имате пари!Се верува дека во петок никако не треба да се позајмуваат пари, а ниту да се враќаат долговите.

*Во некои домаќинства важи правилото дека во петок ништо не треба да се дава од одма, а особено не прехранбени намирници од животинско потекло.

Прегледи:
577
Објавено на:
11.11.2016