Категории

НАСА објави: Пронајдена е вода на Месечината

На површината на Месечината изложена на Сонцето е пронајдена вода, објави НАСА на Твитер.

На површината на Месечината е пронајдена вода за прв пат со помош на телескопот „Софија“, соопштува администраторот на НАСА, Џим Брајденстајн на официјалниот Твитер профил.

Тој наведува дека сеуште не се знае дали таа може да биде користена како ресурс. Деталите од откритието ќе бидат соопштени на конференцијата за новинари која наскоро ќе биде одржана.

Стратосферската опсерваторија за инфрацрвена астрономија на НАСА – (СОФИЈА) потврди дека за прв пат е пронајдена вода на површината на Месечината која е изложена на Сонцето.

 

 

„Софија“ ги откри молекулите вода N2O во кратерот Клавиус, еден од најголемите кратери видливи од Земјата, сместен во јужната хемисфера на Месечината. Претходните набљудувања откриле некој вид на хидроген но не успеале да направат разлика помеѓу неговиот близок хемиски сродник хидроксил OH.

„Имаме назнаки дека N2O – водата која ја познаваме може да биде присутна на сончевата страна на Месечината“ – вели пол Херц, директорот на Одделението зза астрофизика во дирекција на научната мисија на НАСА со седиште во Вашингтон.

„Сега знаеме дека е таму. Ова откритие го доведува во прашање нашето разбирање на месечевата површина и поставува интригантни прашања за ресурсите релевантни за истражување на длабокиот свемир.“