Категории

НАСА симулираше удар на астероид во Земјата

Експертите од американската НАСА и другите вселенски агенции ширум светот во април се соочија со загрижувачката можност дека, како што им беше кажано, мистериозен астероид, оддалечен околу 55 милиони километри, се движел кон Земјата и треба да ја погоди за шест месеци.

Ситуацијата, сепак, е дел од вежба која симулира пристигнување и закана од астероид со цел да им помогне на американските и меѓународните експерти да вежбаат можен одговор на таквата состојба, се вели во текстот објавен во весникот „Бизнис инсајдер“. Заклучокот донесен од научниците е дека ако астероидот биде забележан толку доцна, никој нема да може да стори ништо за да спречи судир со Земјата. Експертите утврдија дека ниту една постоечка технологија не може да запре астероид оддалечен од Земјата на шест месеци и нема вселенско летало кое може да отстапи од својата орбита за толку кратко време.

Ако астероид како овој измислен би се упатил кон Земјата, на научниците ќе им требаат години да најдат решение, а не месеци.

Пол Кодас, раководител на Центарот за истражување на НАСА, смета дека минимум за наоѓање решение и одговор на закана е пет години, додека астрономот од МИТ, Ричард Бинзел, вели дека ќе ни требаат најмалку 10 години да најдеме решение за вакво закана од вселената.

„Кога се соочуваме со вистинска закана од астероид, времето е најценетата стока“, изјави Бинзел за „Бизнис Исидер“.

Прегледи:
490
Објавено на:
25.05.2021