Категории

НАСТАПУВА ПОЛНА МЕСЕЧИНА ВО PAК: Донесува крај на сите проблеми, се што е токсично и ве кочи да одите напред

Полната Месечина ќе се случи на 18 јануари во 00:48 минути на 27′ Paк. Пред нас е уште една енергетски силна астрална конфигурација која може да покаже, па дури и да „брише“ се што е токсично, саботирачко, деструктивно, манипулативно и проблематично.

Понекогаш е тешко да се ослободиме, понекогаш се држиме за нешто што не ни носи ништо добро, мислиме дека ќе се промени, ќе се подобри. Сега можеме јасно да видиме што е тоа. Како да нема средина, истурканото под тепих излегува, маските паѓаат.

Сето ова создава блиска врска помеѓу Сонцето и Плутон кои ќе учествуваат во ова лунарно поместување што се случува кај емотивно чувствителен Paк. Плутон е симбол на трансформација, контрола, деструктивно однесување, смрт, опсесија, контрола, па дури и манипулација. Размислете дали некоја од овие теми е важна за вас.

Се случува транзиција. Се движиме од едно место до друго, оставајќи нешто зад себе затоа што е премногу тешко и оптоварувачко за да го носиме на грб. Она што го закопавме се појавува на површината. Вршиме одлична „работа“ и таа е од суштинско значење за заздравувањето на нашите емоции, приватниот живот и понатамошниот напредок.

Ретроградниот Меркур во Водолија ни ги насочува мислите кон некои минати искуства, се трудиме подобро да разбереме некои околности од минатото, кои се важни за сегашните избори. Можеби ќе започнете важен разговор кој ќе биде инициран од некои незгодни изјави или ќе замолчите и ќе одлучите да си дадете време подобро да ги разберете околностите во кои се наоѓате.

Ретроградната Венера во Јарец продолжува да го ревидира нашето чувство за лична вредност, но и нашите односи. Дали е тоа најдоброто што можам да го направам? Дали заслужувам повеќе од ова? Дали знам и можам?

Оваа полна Месечина со ретроградни планети нè поканува да размислиме за она што го сметаме за навистина вредно во нашите животи. Кон кого или што имаме чувство на припадност? Каква е нашата слика за семејниот живот? Дали имаме неразрешени приказни со родителите кои не држат во постојани неволји?

Оваа полна месечина им дава глас на нашите емоции, оние сигнали кои произлегуваат и доаѓаат од абдоминалната празнина. Чесен глас. Влезете во тие емоции, пуштете ја таа плима, нека ви покаже што навистина ви треба и дали се саботирате во исполнувањето на вашите потреби.

Време е да се залагаме за себе. Да создадеме чувство на сигурност во себе и да се оддалечиме од она што дозволуваме да ни го одземе. Во рамките на овој циклус до следната полна Месечина, ги решаваме прашањата поврзани со родителите, нашата родителска улога, станбеното прашање, семејниот имот и наследството. За да можеме понатаму да напредуваме и да се развиваме, прво треба да создадеме цврста основа на која ќе се чувствуваме безбедни. И затоа е важно да избирате за свое добро и во име на свое добро.

Не одете против себе, туку застанете за себе. Да бидеме родител на самите себе што можеби не сме го имале додека растевме. Време е да се негувате себеси. Каде ќе започнете?

Прегледи:
596
Објавено на:
17.01.2022