Категории

Научете правилно да ги користите: Ова е вистинското значење на боите на емотиконот срце

Откако се појавија на мобилните телефони, емотиконите постојано се користат во писмена комуникација за да ги приближат емоциите. Бојата на емотиконот срце има повеќе значења. Дали знаете кои се тие?

Сино срце

Овој емотикон се користи за да се изразат повеќе чувства и интереси на социјалните мрежи. Во најголем дел од случаите синото срце се користи како поддршка на аутизмот, љубовта кон водените спортови и љубовта кон тимовите со сини дресови.

Зелено срце

Емотиконот зелено срце најмногу се користи за време на Св. Патрик денот, а честопати се гледа и врзан со објавите за здрава храна и чиста околина. Зелено срце е емотикон кој најмногу го користат веганите и луѓето кои пропагираат здрава исхрана.

Виолетово срце

Овој емотикон се смета за елегантно срце кое често го користат влијателни луѓе кога сакаат да го покажат својот гламурозен живот и облека.

Заедно со таквите фотографии од најнова облека, виолетовото срце често е пропратено со хаштази како прекрасно, блескаво и слично.

Розово срце со ѕвезди

Овој емотикон воопшто не е кул. Се поврзува со Инстаграмерите кои очајнички сакаат да привлечат следачи.

Тројно срце

Или самоуверено срце. Три срца едно преку друго обично се поврзуваат со објави врзани за прифаќање на своето тело и изглед.

Срце на плико

Овој емотикон најчесто го користат луѓе кои чекаат некоја пратка или нешто купиле (веројатно преку Интернет).

Црвено срце

Најчесто користеното црвено срце се смета за показател на вистинска љубов и нема скриено значење.