Категории

Научници создадоа маска за кафичи – Веруваат дека штити додека јадете и пиете

Истражувачите од Мексико веруваат дека смислиле начин да го решат проблемот со изложеност на вирусот корона за време на потрошувачката на храна и пијалоци.

Имено, по тој повод сите беа принудени да ја извадат маската, сепак, тие направија нова маска што го покрива само носот и сметаат дека треба да спречи ширење на вирусот. Истражувачот објавил видео на кое се гледа како прво носат обична маска што им ги покрива носот и устата, а кога ќе ја тргнат да пијат или да јадат нешто, на носот имаат мала маска, за која веруваат дека треба да спречи поголема изложеност на вирусот. Оваа нова „мини-маска“ предизвика вистинска бура на социјалните мрежи. Корисниците истакнаа дека им е драго што некои луѓе сакаат да се спасат себеси и луѓето околу нив, дури и ако се посрамотат по тој повод.

Сепак, научниците не дадоа детален опис за тоа како точно оваа маска треба да заштити кој било од коронавирусите. Некои лекари велат дека таквата маска може да биде делумно ефикасна затоа што покрива еден дел од лицето преку кој вирусот може да влезе во телото, но дека очите и устата сè уште остануваат отворени и не можат да бидат ефективна заштита. Сепак, некои корисници на социјалните мрежи веруваат дека некаков вид заштита е подобра од немањето заштита за време на нивниот престој во ресторан или кафуле, па дури беа и полни со идеи за научниците за тоа како подобро да го пласираат овој производ. Другите корисници ја исмејуваат мини-маската, нарекувајќи ја „бикини за лице“ и посочуваат дека оваа маска може да ја користи само некој за да си ги наполни џебовите, но не и за да ги заштити од опасен вирус. Лекарите исто така веруваат дека мини-маската нема да обезбеди ефикасна заштита.