Категории

НАУЧНИЦИТЕ КОНЕЧНО ГО ОБЈАСНИЈА ФЕНОМЕНОТ ДЕЖА ВУ

Сигурно досега сте доживеале дежа ву, односно сте се нашле во ситуација за која имате чувство дека веќе ви се има случено. Досега научниците не можеле да најдат објаснување за овој феномен и затоа тој се смета за најчудната способност на мозокот. Но, благодарение на одредена група научници можеби е пронајдено објаснувањето за оваа појава.

Научниците од универзитетот Сен Енруз направиле експеримент кој покажал дека при овој феномен нашиот мозок всушност проверува дали нашите сеќавања се точни. За да ја докаже оваа теорија шкотскиот професор Оконор направил серија на експерименти кои вклучувале вештачка индукција на дежа ву. Тој на учесниците во експериментите им кажувал одреден број на зборови кои имаат одредена поврзаност, но со изоставен концепт. На пример, им кажувал зборови како перница, кревет, ноќ, но не го кажувал зборот спиење. Откако ќе ги кажел зборовите, тој потоа ги прашувал учесниците дали слушнале збор на буквата с, а тие давале негативен одговор. Потоа, кога тој го поставил истото прашње, поголем дел од учесниците го кажале зборот спиење. Учесниците почнале да мислат дека го слушнале зборот бидејќи тој логички одговара на низата.

Со помош на магнетна резонанца се покажало дека најактивните делови на мозокот во тие моменти се оние кои се одговорни за донесување одлуки, а не оние за сеќавањата. Докторот Оконор забележал дека овие делови од мозокот го создаваат чувството на дежа ву бидејќи тие ги проверуваат нашите сеќавања и бараат дали има некоја грешка во нив. Доколку најдат недоследност, тогаш тие повторно се активираат и затоа ние добиваме чувство дека нешто ни се случило и порано.

Прегледи:
533
Објавено на:
26.08.2016