Категории

Научно докажано – кучињата Ве разбираат кога ќе им кажете „Те сакам“!

Веројатно знаете дека кучињата прават чуда за нашето физичко и ментално здравје. Тие го редуцираат стресот, го намалуваат крвниот притисок, и го намалуваат ризикот за срцеви болести. Но, испаѓа дека кога се сакани, тие ја искусуваат истата магија!

Бихејвијоралните експерти за кучиња направиле мноштво истражувања за тоа што значи лаењето, лижењето и целовкупното однесување на кучињата. Canine Cottages, фирма од Велика Британија, ставила многу кучиња на скен за срцето и за излачување на одредени хормони во системот, при различни надворешни стимули.

Истражувањата викаат дека кога на кученцето ќе му кажете „Те сакам“, му се подигнува срцебиењето за 46.2%!

Истиот експеримент пронашол дека човековото срцебиење се зголемува за 10.4% кога човекот ќе го види своето куче. А, доколку Вашето куче е анксиозно или имало лош ден, ако го гушкате, срцебиењето ќе му се намали за 22.7% и ќе се смири.

Кучињата покажуваат љубов преку: лижење, лаење, играње, галење, и слично, но, некои студии покажуваат и дека ако Ви ги уништува работите, Ви покажува дека Ве сака. Така што, ако кученцето Ви уништило нешто, не лутете му се, простете му и давајте му повеќе внимание!

 

Прегледи:
721
Категории:
Занимливости
Објавено на:
02.10.2020