Категории

Научно истражување: Зошто новопечените мајки постојано ставаат фотографии од бебињата на Фејсбук?

Пред неколку години Сара Силвијан забележала дека многу нејзини пријателки на „Фејсбук“ поставиле фотографии од своите бебиња како фотографија на профилот.

Резултати од едно истражување објавено минатата недела покажале зошто новопечените мајки ја користат оваа социјална мрежа за објавување фотографии од своите бебиња.

Силвијан и нејзините соработници анализирале податоци од 127 учесници и откриле дека мајките на овој чекор се решиле кога почувстувале притисок од општеството дека треба да бидат совршени мајки. Поголемиот дел од мајките во истражувањето ја користеле фотографијата на своето бебе за профилот на „Фејсбук“.

– Во еден момент помислив: Зошто не ставате фотографија од себе како фотографија на профилот, зошто имате фотографија од вашето бебе? – вели Силвијан.

Многу „нови“ мајки го гледаат „Фејсбук“ како едноставен начин на размена на радосните моменти на своето бебе и неговото растење во кругот на пријателите и на семејството. Но, според Силвијан, можеби се случува нешто покомпликувано.

Мајките што тежнеат кон совршенство како родители бараат охрабрување од околината за мајчинската улога. Исто така, тие имаат изразени емоционални реакции, и позитивни и негативни на коментарите и на „лајковите“ на „Фејсбук“.

– Многу мајки може да чувстуваат притисок да ја прикажат позитивната слика на мајчинството -додава Силвијан.

Прегледи:
376
Објавено на:
31.05.2016