Научниците имаат ново објаснување за една од најчудните појави на човечкиот ум – феноменот на дежа ву. Шкотскиот професор Акира Конор смета дека тоа всушност и не постои, туку е измислица на нашиот ум, а еве и зошто.
За да ја докаже својата теорија, Др. Конор спроведувал серија од експерименти, вклучувајќи вештачки создадено дежа ву. Со овој метод имал за цел да го испитува овој феномен на тој начин што кажувал серија од зборови кои што се поврзани еден со друг. На пример, кревет, перница, ноќ..
Веднаш по изустувањето на зборовите,испитаниците биде прашани доколку слушнале збор кој ја содржи буквата „С“, и одговорот секако бил негативен. Како и да е, кога подоцна им било поставено истото прашање, повеќето го промениле својот одговор и кажале дека го слушнале зборот „сон“ во редицата зборови. Испитаниците размислувале на кажаните зборови толку многу, што и самите си создале нова слика поради будењето на силни емоции и неодрекувачки момент на дежа ву во истиот момент
Според испитувањата потврдени со функционална магнетна резонанса, истите докажуваат дека најактивните делови од мозокот во такви моменти се одговорни за донесување одлуки, но не и спомени. Др. Конор смета дека ова е всушност така бидејќи овие делови од мозокот имаат за цел да ги процесираат нашите сеќавања и да бараат грешки во нив. Поради тоа, мислиме дека одредена ситуација ја доживуваме по втор пат.