Британска студија докажала дека жените се подобри возачи од мажите во дури 58 отсто од случаите за разлика од посилниот пол. Студијата која се занимавала со истражување на половите и бојата на автомобилот, покажала дека најсигурна опција е жена возач во црвена Хонда.
Резултатите исто така покжале дека најлошите возачи се оние во 20-тите години, без разлика дали станува збор за женски или нашки возачи.
„Добивме многу интересни резултато кои ни покажуваат трендови во возењето ширум Велика Британија. Анализиравме голем број на документи , многу статистики кои беа многу корисни за нас. Благодарение на овие резултати ќе бидеме во можнот да предвидиме многу работи во сообраќајот во 2016 година – изјавил Лојд Бадран, еден од авторите на оваа студија.