Категории

Навики кои доведуваат до ослабување на имунитетот

Во овој период кога владее епидемија на корона вирус, имунитетот е приоритет. Дали сте знаеле дека одредени навики и некои чувства можат да го нарушат имунолошкиот систем и да го направат вашето тело помалку отпорно на болести и вируси?

За телото да може да се одбрани, неопходно е редовно вежбање, доволно сон и доволен внес на витамини – велат лекарите.
Покрај тоа пожелно би било да ги искорените следните навики и да поработите на чувствата.

Долго седење
Отсуството на физичка активност не прави помалку отпорни но и подолго болни ако вирусот успее да не нападне. Едно истражување објавено во британскиот Journal of Sports Medicine покажува дека инфекциите на респираторниот тракт траеле 42% подолго кај луѓето кои не вежбале и имале посилни симптоми од оние кои правеле аеробни вежби пет пати неделно.

Осаменост
Петгодишното истражување установило дека личностите кои се чувствуваат осамено се поподложни на вируси и прелада. Осамените личности имаат високо ниво на хормонот норепинефрин. Овој хормон го поттикнува телото да произведува бели крвни ќелии кои се „борат“ против повреди или оштетувања но истовремено го успоруваат имунолошкиот систем кој се бори против вирусите.

Прегледи:
740
Објавено на:
21.12.2020