Категории

Навики кои мажите не смеат да ги изгубат откако ќе се оженат

Влегувањето во брак не смее да влијае врз овие нешта

Она на кое денес многу се воодушевуваат кога ќе сретнат постар брачен пар на улица е нивната блискост претставена преку држењето за раце, а тоа баш една од оние навики кои мажите во брак најчесто ја игнорираат, а за која жените сонуваат. Ситниците кои ниеден маж не смее да престане да ги прави кога ќе се ожени можеби се чинат банални, но тие се темел на долгогодишниот и успешен брак.

1.Држење за раце
Наједноставниот чин на блискост и припаѓање еден на друг кој паровите на почетокот на врската без поговор го применуваат е држењето за раце. Иако звучи банално, ваквиот допир на кој бројни жени инсистираат е оправдан. Истражувањата спроведени во Шведска покажуват дека жените кои ги држат своите сопрузи за раце имаат 45 посто помали шанси за развивање на стрес.

2.Одење еден покај друг
Со текот на годините мажите го губат заштитничкиот однос спрема жените, и чинот на освојување и кажаното „да“ во нив го задоволува чувството за успех.
Една од најлошите навики, тврдат стручњаците која мажите ја прават е чекорење во нееднакво растојание. Тие тврдат дека чекорот рамо до рамо е важен за блискиот контакт и симболизира поглед кон заедничката иднина.

3.Отворање врата
Едно од правилата на секој бонтон е господинот да ја отвара вратата на дамата, но денешниот недостаток на кавалерство го истисна овој банален чин. И колку жените денес да се трудат да бидат самостојни, овие гестови се едни од најубавите докази за почитување, и секој маж треба да продолжи да биде џентлмен пред и после бракот.

4.Заеднички патувања
Заедничките патувања на партнерите ги зближуваат и ја разгоруваат интимноста и љубовта. Тоа е важно да продолжи и после бракот, сопружниците мораат одвреме на време да патуваат некаде сами за да ја одржуваат својата блискост.

5.Уредност и хигиена
Намирисан, чист и уреден – такви се мажите на почетокот на врските, и во текот на процесот на освојување на жената од своите соништа. Но прстенот на рака во тој сегмент не смее да ги ослободува од било каква потреба за грижа на самиот себеси.
Точно е дека сопругите водат грижа за чистата облека, и уредноста но мажите не смеат да заборават дека нивните сопруги не им се мајки а тоа е една од главните причини за проблеми во бракот.

Прегледи:
426
Објавено на:
16.11.2019