Категории

НАВИКИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИМАТЕ ПРЕД 30-ТАТА

Вежбајте редовно

Станете и правете стоечки склекови додека слушате подкаст или музика. Најдете Jутјуб канал кој ви се допаѓа. Запишете се на некоја интересна јога, танцување на шипка, некаков фитнес, што било, само најдете нешто што ви се допаѓа и правете го тоа. Знаете дека ќе се чувствувате многу подобро ако вежбате, физички и психички.

Секогаш носете нешто кога одите на забава

Тоа нешто веројатно е некаков алкохол. Или десерт. Или миризливи свеќи. Однесете што било што ќе го развесели тој што ве поканил на забавата, заборавете на делот „учтиво е“, „така треба“ и „дали другите ќе носат нешто и што?“, некој се потрудил за сите вас па потрудете се и вие да покажете дека го цените тоа.

Одредете време по кое не пиете кафе и држете се до него

Нема ништо полошо од лежење во кревет навечер доцна сакајќи да заспиете зошто наутро треба рано да станете, додека се превртувате од едната страна на другата сосема безнадежно. Уште кога знаете дека самите сте виновни бидејќи пиевте кафе во 9.00! Следното утро секако ќе бидете истоштени, па подобро дадете си лимит, на пример не пијте кафе после 5.00.

Носете кондоми

Можеби си мислите дека не е фер само вие да ја плаќате „сметката за заштита“, но најдобро е така! Бидете самостојна жена и не дозволувајте нечија туѓа невнимателност да ви направи проблеми.

Тегнете се секој ден

Можеби тоа ќе биде 10 минута јога, а можеби само тегнете и допирање на прстите со рацете додека гледате серија, што и да одберете бавното тегнете ќе направи да се чувствувате одлично и ќе го одржува здравјето на вашите мускули и зглобови.

Заборавете на телефонот на некое време… секој ден

Признајте, има денови кога станувате, го проверувате телефонот, седите на компјутер цел ден на работа, во паузите читате глупости од Фејсбук и Твитер, навечер доаѓате дома и пак дремете на телефон. Потоа се гледате во огледало и сфаќате дека очите ви се потечени бидејќи цел ден „буљате“ во екрани. Не дозволувајте таа тажна, тажна слика да бидете вие. Тргнете се од телефонот барем накратко.

Мијте го лицето секој ден

Не мора да ви го кажуваме ова, знаете! Сепак, ве потсетуваме за секој случај.

Најдете ја омилената комбинација на кармин и маскара

Знаете дека со тие изгледате одлично во секоја пригода, па зошто тогаш да „фрлате“ пари на чудни производи кои не знаете како ќе ви прилегаат и дали и одговараат на вашата кожа? Одберете ги омилените и животот ќе ви биде полесен.

Чистете го плакарот напролет и наесен

Единственото нешто кое ќе направи да се чувствувате подобро од купување ефтина симпатична маичка е фрлање на истата таа маичка кога ќе ја износите.

1 2

Прегледи:
684
Објавено на:
12.03.2016