Категории

Не барај совршена љубов, нема да ја пронајдеш – Љубовта мора да биде реална

Оваа љубов ќе ти докаже дека сето тоа вреди и заслужува да биде видено и прифатено и ти заслужуваш да бидеш сакан поради тоа. Оваа љубов ќе ти покаже дека отсекогаш си бил доволен. 

Нема да пронајдеш совршена љубов, но ќе пронајдеш љубов која останува, која ќе ти покаже дека добрината постои.
Оваа љубов ќе биде како мед на твоето срце, ќе биде како топлина која се впива помеѓу твоите коски. И ќе видиш како те учи, како се бори за тебе, како останува покрај тебе дури и кога беснеат најужасните невремиња.
Ќе научиш дека постои врска која е толку силна што ништо не може да ја уништи.

Ќе научиш за сите длабочини, најмрачни тајни и слабости на таа личност и сепак со секој нов ден ќе одлучуваш да се држиш уште поцврсто за него, затоа што ќе сфатиш дека љубовта не е совршена и тоа ќе те натера да се вљубиш уште повеќе во него.
Ќе откриеш дека љубовта не е тешка и дека никогаш не треба да тежи додека ја носиш, дека треба да е нежна и љубезна.

Нема да пронајдеш љубов која е совршена но ќе пронајдеш љубов која ќе те потсетува на твојата важност. Ќе ти докаже дека никогаш не си барал премногу, дека тоа што си се борел за нечие срце не е глупаво, дека сакањето половично никогаш не е опција и нешто кое треба да го прифатиш.

Дека не треба да се срамиш од тоа што си личност која го носите срцето во својот ракав и не се плаши од својата ранливост.
Оваа љубов ќе ти докаже дека сето тоа вреди и заслужува да биде видено и прифатено и ти заслужуваш да бидеш сакан поради тоа.
Оваа љубов ќе ти покаже дека отсекогаш си бил доволен.

Прегледи:
626
Објавено на:
27.07.2020