Категории

Нè дозволувајте да стане предоцна – Излезете од сè што ве троши емоционални, физички и духовно

Велат дека ако ставиме жаба во сад со вода што ја загреваме, жабата почнува да ја прилагодува телесната температура на температурата на водата. Тоа го прави сè додека водата не стане  неподнослива. Тогаш таа се обидува да скокне од садот затоа што станува неподносливо за неа. Но во тој момент жабата повеќе не може да скокне затоа што ја губи целата своја сила обидувајќи се да ја прилагоди температурата на водата во која се наоѓа. Наскоро, жабата умира. Жабата ја убива врелата вода. Но, тоа немало да се случи ако таа не одлучела да страда и да се прилагодува, да троши енергија на адаптација.
Жабата, може да се каже, била убиена од неможноста да се реши да скокне пред да јаизгуби силата.

Оваа приказна, како басна, може да им се пренесе на луѓето. Сите понекогаш или често сме во ситуации кога треба да се прилагодиме, на луѓето и околностите. Притоа, многу е важно да почувствуваме кога ова прилагодување ни ја одзема енергијата и нè троши.

Понекогаш едноставно не треба да чекаме да станеме емоционално, физички, финансиски, духовно, ментално или на друг начин исцрпени – мора да скокнеме, да се свртиме од таквите луѓе и да ја напуштиме таквата врска. Додека сè уште имаме сила!

Прегледи:
401
Објавено на:
22.06.2021