Доколку и вие бевте дел од фановите кои се загрижија кога Кендал Џенер реши да го избрише својот Инстаграм профил, каде има 68 милиони следбеници, тогаш може да воздивнете – ќе се врати!
Имено, во емисијата кај водителката Елен Деџенерис, младата манекенка изјави дека решила да направи мала пауза од оваа социјална мрежа, бидејќи почувствувала дека поминува премногу време на неа.
“Само сакав да направам мала пауза, бидејќи постојано сум на Инстаграм. Штом станам одма го погледнувам, а Инстаграм е и последната работа која ја гледам пред да заспијам. Почувствував дека сум зависна”, изјави Кендал.
“Лудо е тоа што фактот дека го изгаснав профилот стана вест во светските медиуми. Навистина не го очекував тоа. Но, не грижете се, секако дека ќе се вратам на Инстаграм”, додаде Кендал.