Категории

Не остана покуса од Бред Пит: Анџелина Џоли планира венчавка со новото момче!

Иако Анџелина Џоли и Бред Пит се уште не се официјално разведени, холивудската актерка на големо планира нов брак, пишуваат американските таблоиди.

Имено, неодамна таблоидот „In Touch“ ексклузивно објави информација дека Џоли е во врска со анонимен филантроп од Лондон и дека се плаши од реакцијата на своите деца. Меѓутоа, сега медиумите отидоа чекор подалеку и тврдат дека Анџелина планира венчавка со новиот избраник. Убавата актерка наводно чека нејзините деца да дадат зелено светло за двојката да може да почне со подготовките.

-Анџелина чека да стивне прашината околу разводот, па да го внесе новиот избраник во животот на своите деца. Посебно е загрижена како ќе реагираат Медокс и Пакс, открива извор за магазинот.

Инаку, во прилог на тврдењето дека Џоли е подготвена за нова романса се наведува и фактот дека актерката купила куќа во Лос Анџелес во која планира да живее со децата и новата љубов.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
416
Објавено на:
02.05.2017