Категории

Не си сама. Никогаш.

Еј, запомни! Не си сама, не си немоќна, не си ти без корен, имаш ти некој свој кој е тука за тебе и кога е добро и кога не е добро. Исплачи се ако треба, плачи додека можеш, солзите се лековити, солзите ја мијат душата.

А потоа тој некој твој ќе ти каже нешто многу смешно, па ќе се смееш и ќе бришеш солзи истовремено. Кога беа децата мали и ги болеше нешто, ги прегрнував и ги ставав рацете на болните места и им шепнував: „нека премине болката на мама“, и тие полека ќе се смиреа и ќе заспиеја.

Затоа прегрни го тој некој кој е твој, поделете ја болката како што ја делите и среќата, ќе помине побргу.

Не си сама никогаш, што се тоа километри, што се тоа други континенти, која е таа оддалеченост која може да ја намали силата на љубовта и блискоста помеѓу вас.

А и кога тој некој твој е таму горе и ти праќа сила одозгора, пратејќи го секој тој чекор и здив, избриши ги солзите, погледни во небото, прати му бакнеж и почувствувај како силно те прегрнува и ти вели: „нека премине болката на мене“.

Не си сама.

Никогаш.

Прегледи:
562
Објавено на:
18.10.2021