Категории

Не смеете да ги изговарате: 3 зборови кои привлекуваат лоша среќа

Зборовите се како тајни на животот, можат да бидат добри и лоши, можат да бидат лек за душата, но и оружје што удира право во срцето. Често забораваме на нивната тежина, сила и моќ, занемаруваме колку тие влијаат на нашата енергија, живот, односи, начинот на кој луѓето не гледаат, но и какви вибрации испраќаме кон Универзумот.

Некои зборови што се исклучително позитивни ве прават да зрачите со дибва енергија што се враќа кај вас, но некои зборови за жал се магнет за негативна енергија и треба да се избегнуваат. Еве ги зборовите што треба да престанете да ги кажувате – привлекуваат лоша среќа:

1. “Можеби”
Оставате празнина за себе и не верувате дека навистина ќе ја донесете вистинската одлука. “Можеби ќе одам во теретана”, “Можеби ќе научам повеќе”, “Можеби следниот месец треба да почнеме да правиме промени во нашиот проект?” – ова се скриени оправдувања, кога сеуште не сакате да направите нешто, но тешко е да си го признаете тоа. Наместо тоа, можеби ќе започнете да го користите зборот „сигурно“. Со изговарање на зборот „можеби“ покажувате дека не верувате во себе, а самодовербата и љубовта кон вашето битие се клучот за секој успех.

2. „Невозможно“
„Невозможно е да изгубите 5 кг за толку краток временски период“; „невозможно е да ја напуштам оваа глупава работа затоа што немам пари“; „невозможно е да се истрча 5 километри, немам фитнес“. Вистинскиот пример дека се во животот е можно е Ник Вујучиќ – и покрај сите ограничувања, се стана возможно и одлично за него. Се е во твојата глава и срце – дали ќе се откажеш затоа што мислиш дека нешто е „невозможно“ или ќе продолжиш да се бориш за своите соништа. Извадете го зборот „невозможно“ од вашиот вокабулар бидејќи го блокира патот кон успехот и среќата. Вие сте тој што го прави невозможното возможно – обидете се денес!

3. “Случајно”
„Случајно направив грешка“, „Случајно заборавив“, „Случајно завршив таму каде што сум“. Според законите на Универзумот, случајности не постојат, и се се случува со причина. Дури и кога не можеме да ја видиме причината, таа е некаде, длабоко во нас и во нашата потсвест. Се обидувате да го избегнете зборот „случајно“, веќе работите ги правите намерно, токму онака како што сте сакале и планирале. Вие не го живеете животот случајно, туку на начин што ви носи радост.

Прегледи:
578
Објавено на:
19.08.2021