Категории

Не спиете доволно: Научниците велат дека оваа храна е причина за нарушување на спиењето!

Научниците ја пронајдоа врската помеѓу нездравата храна и лошиот сон

Луѓето кои имаат лош сон консумираат повеќе нездрава храна и слатки, велат научниците.

Поточно, беше спроведена студија во која учествуваа 29 жени и мажи на возраст помеѓу 18 и 40 години, поделени во две групи.

Една група спиеше нормално во вечерните часови, а потоа четири недели подоцна спиеше само четири часа. Другите субјекти имале обратен биоритам, па најпрво спиеле многу малку, а потоа спиеле нормално, според The ​​Sun.

Ден после тестовите, им биле понудени целосни оброци за појадок, ручек и вечера, но во исто време и слатки.

Резултатите покажале дека луѓето кои не спиеле добро избрале храна со поголема енергија, како крофни, чоколадо, бисквити и чипс.

„Кога спиењето е скратено, одредени делови од мозокот не добиваат доволно информации. Телото тогаш сака да го надомести тоа со избор на храна со повеќе енергија“, рече професорот и автор на студијата, Торстен Кант.

Прегледи:
507
Објавено на:
19.10.2019