Повеќето луѓе знаат дека пирамидите се големи, импресивни градби кои се изградени во Египет. Исто така е познато дека служеле како монументални гробници за фараоните. Но, постојат и други занимливости за овие фасцинантни градби, за кои се јавуваат сомнежи дури и дека се изградени со помош на вонземјани.
- Во Гиза се наоѓаат трите најпознати пирамиди (Кеопсовата, Кефреновата и Микериновата), но на подрачјето на древниот Египет постојат дури преку 140 пирамиди.
- Најстарата египетска пирамида е онаа на фараонот Дјосер, изградена 2650 година пред нашата ера. Се наоѓа во Сакари, најголемата гробница на градот Мемфис во кој се откриени повеќе од 250 подземни гробници.
- Кеопсовата пирамида е дефинитивно најголема и висока е 138,8 метри.
- Се проценува дека бројот на луѓе кои ги граделе овие пирамиди достигнувал до 100.000.
- Пирамидите во Египет ги чува огромна Сфинга, најголемиот монолитски кип на светот. Се верува дека лицето на Сфингата го претставува лицето на фараонот Кефрен.
- Прв и најпознат архитект на пирамидите бил Имотеп, кој бил лекар и инженер. Се смета дека тој е заслужен за изградбата на првата голема пирамида на Дјосер.
- Додека стручњаците се сложуваат со тезата дека пирамидите се изградени од големи камени блокови изрезбани со бакарен алат, техниката со која ги поместувале блоковите и ги поставувале и денес останува предмет на најразлични мислења и теории.
- Она што е очигледно е дека, со текот на времето техниките за изградба на пирамидите се развивале, па поради тоа поновите пирамиди се изградени на поинаков начин.
- Трите пирамиди во Гиза според својата локација се ускладени со соѕвездието Орион. Тоа соѕведие се поврзувало со богот на задгробниот живот, Озирис.
- Се проценува дека големата пирамида во Гиза е составена од 2 илиони и 300 илјади камени блокови, кои изнесуваат од 2 до 30 тона, а некои од блоковите и преку 50 тона.
- Пирамидите изворно се заштитени со камења изработени од високо полиран бел камен. Тоа ја одржувало сончевата светлина, па затоа светеле како скапоцени камења.
- Благодарение на заштитниот сјаен слој, се претпоставува дека пирамидите можеле да се видат и од Израел, а можеби дури и од Месечината.
- И покрај огромната жештина во пустината, темпратурата во нив изнесува околу 20 степени Целзиусови.
- Просечно потребно било околу 200 години за изградба на една пирамида, што значи се граделе повеќе пирамиди истовремено.
- Една од причините зошто пирамидите се толку добро сочувани е уникатниот врзувачки материјал кој се користел, а до ден денес не се знае од што е добиен.
- Спротивно од популарното верување, н пирамидите не работеле робови или заробеници, туку платени работници – од физички до бројни уметници.
- Иако често се поврзуваат со хиероглифите, тие не се пронајдени во внатрешноста на Големите пирамиди во Гиза.
https://www.youtube.com/watch?v=V9dEEnXEexk