Категории

Нејзиниот сопруг постојано го лакира малиот прст – милиони заплакаа кога ја дознаа причината

Мет и Либи Сандрес се заљубиле на прв поглед и се венчале после  четири месеци. Тие се родители на пет деца (18, 14,12, 8 и 4) познати се по тоа што без оглед на се остануваат ведри.

– Сите имаме добар смисол за хумор. На се што е можно се смееме, вели Либи, пренесува Buzzfeed. Нивниот хумор неодамна трогна многумина. Либи поради необична несреќа со врата останала без малиот прст, а минатата недела споделила пост кој стана вистински хит.

Не можете да замислите што направи овој прекрасен човек.

– Еве за каков човек се омажив… Ги лакирав ноктите и попатно заброавив дека не морам да го лакирам малиот прст на левата рака. Заборавив дека го изгубив малиот прст, но секогаш „се нервирам“ кога ќе се сетам на тоа. Мет едноствно рече „ јас ќе бидам твој заменски мал прст. До крајот на животот можеш да го лакираш мојот мал прст за да одговара на твоите прсти“. Тоа и го направив. Не можете ни да замислите каков прекрасен човек е тој. Нема зборови со кои би ја опишала нашата љубов“, напишала среќната жена во нејзиниот пост.

Прегледи:
375
Објавено на:
12.05.2016