Категории

Некои ќе бидат воодушевени а некои изненадени – Ова е НАЈУБАВИОТ МАЖ на СВЕТОТ

Резултатите се тука, ова е најубавиот маж на светот

Благодарение на прочуената метода наречена „Златен пресек“ која уште во античко време ја применувале старите грци, но и уметниците и архитектите во текот на периодот на ренесансата со цел да создадат дело кое ги задоволува естетските норми, денес имаме метода која може да измери колку некој е убав.

Со помош на ова математичко проучување, хирургот Џулијан Де Силва кој ја води клиниката за естетска хирургија во Лондон, дошол до завиднабројка кога е во прашање структурата на лицето на актерот Роберт Патисон.
33-годишниот актер според пресметката на „Златниот пресек“ поседува завидни 92,15% совршени параметри на лице.

Патисон е познат по својата улога во вампирската сага Twilight, а сега на филмското платно го отелотвори и ликот на јунакот Бетмен.

Веднаш после Роберт, доаѓа уште еден убавец кој е веќе широко познат суперхерој а тоа е Супермен, а сега и официјално втор најубав маж во светот – Хенри Кавил.

Хенри Кавил кој овие денови достигна огромна популарност поради својата улога во популарното остварување The Witcher, го следи Патисон со 91,64%.

После нив следат Бредли Купер со 91,08%, Бред Пит со 90,51%, на петто место е Џорџ Клуни чие лице поседува 89,91% убавина според мерките на „Златниот пресек“.