Категории

Некои разочарувања отвораат очи, но го затвораат срцето

Разочарувањата не би требало да нѐ гурнат во беда, туку да ни помогнат да растеме како личности. Колку разочарувања веќе сте доживеале? Многу, сигурно. Но, некои од нив нѐ менуваат. По одредени искуства учиме да бидеме попретпазливи и помалку да веруваме.

Секое разочарување има емоционално влијание врз нас. Тоа е нормален процес кој е дел од нашиот живот. Но, важно е правилно да се управува со разочарувањата за тие да не ни го затворат срцето.

Туѓите зборови или избори не ве дефинираат вас како личност. Некои од нас по поразот или одбивањето  се чувствуваат како безвредни личности. Се гледаат во огледало и се уверуваат себеси дека во нив нема ништо позитивно и дека нивниот карактер не е соодветен за хармонија со другите.

Тоа е голема грешка. Мислењето на другите личности не ве дефинира. Тоа се зборови и уверувања на други личности и ништо од тоа нема никаква врска со вас, дури и ако другата личност многу ја цените. Разочарувањата предизвикани од еден или повеќе луѓе само се доказ дека не сме во склад со нивниот свет. Но, постојат многу повеќе светови и универзуми кои создале прекрасни луѓе и кои исто така се сложуваат со вас и вашите размислувања.

Затоа, важно е да ја имате на ум следната едноставна идеја. Не очекувајте премногу од другите. Најдобро е да препуштите секојдневието да ве носи без преголеми очекувања, за да живеете во баланс и во мир.

Не гледајте на разочарувањата како на непремостливи препреки, бидејќи понекогаш се неопходни. За да ги совладате, треба да се потпрете на своето внатрешно самопочитување за да научите повторно да верувате. Секогаш има добри луѓе и најразлични поводи кои можат да ве мотивираат и усреќат. Надежта никогаш не се губи сѐ додека ја чувате во срцето.

Прегледи:
466
Објавено на:
29.12.2021