Категории

Неколку работи кои не смеете да ги кажувате на работа

# “Всушност“

“Всушност, мислам дека…“, “Всушност не се сложуваме бидејќи…“. Тој збор дава впечаток дека сама себе се изненадувате што не го делите мислењето со соговорникот.

Експертите тоа го нарекуваат “buzzwords“ и тврдат дека луѓето со понизок статус го користат многу почесто од другите.

# “Има ли тоа смисла?“

Со оваа фраза сами потврдувате дека она што сте го кажале е бесмислено, а не дека вашата идеја или мислење е нешто што вашите соговорници би требало да го размислат.

Ако сакате да бидете сигурни дека добро ве сфатиле, слободно дозволете им да ви поставуваат прашања, но никако немојте сами да се понижувате.

# “Не сум експерт, но…“

Или “Вие за тоа знаете многу повеќе од мене, но…“. Овие реченици ги користиме кога сакаме да звучиме понизно или затоа што не сме сигурни дека нашето мислење е паметно и сакаме тоа да го дадеме до знаење.

Иако можеби не сте квалификувана, не значи дека немате право да ја поделите својата замисла, а ако имате потреба да го направите тоа, значи дека таа навистина вреди да се чуе.

1 2

Прегледи:
733
Објавено на:
22.03.2016