Категории

Нему му се случиле најлошите трагедии во животот: 16 моќни совети од Кијану Ривс

Наспроти сите трагедии кои му се случиле во животот, тој останал дарежлив човек со добро срце, племенита личност која носи светлост и инспирација во животот на многу луѓе ширум планетата.

Ова се 16 моќни совети и изјави кои воодушевуваат милиони луѓе!

1. Ништо не умира потполно. Универзумот ништо не убива, сѐ на крајот се трансформира и се појавува во друг облик.

2. Понекогаш непријателите ни се најдобри учители. Луѓето најдобро учат од сопствените грешки, а уништувањето понекогаш значи повторно раѓање.

3. Не прифаќам да бидам дел од светот во кој љубезноста е слабост.

4. Мора да промениш некои работи во животот ако не си среќен и да го пренасочиш текот на настаните ако не одат во посакуваниот правец.

5. Како се соочувам со стареењето? Со чудење и хорор. да. Баш така. Чудо и хорор.

6. Жал ми е што моето почитување не е повозвишено.

7. Јас сум Мики Маус. Луѓето не знаат кој сум под ова одело.

8. Понекогаш додека сум надвор слушам како разговараат луѓето за потполно неважни нешта. Потоа сфаќам зошто решив воопшто да не излегувам.

9. Тагата го менува својот облик, но никогаш не исчезнува. Луѓето се во заблуда кога мислат дека се избориле со болката, дека поминала, дека сѐ е во ред, дека сега се подобро. Грешат.

10. Секоја енергија може да биде создадена или уништена, но таа постојано тече. Има свој правец, некој вид внатрешен, емотивен, духовен правец. И секогаш има влијание на некого.

11. Тогаш кога навистина ќе ја сфатиш кармата, ќе сфатиш дека си одговорен за сѐ во животот. Неверојатно моќно е сознанието кога ќе сфатиш дека твојата иднина е во твоите раце.

12. Тетоважите се многу интересни, но со нив го изложуваш своето минато на своето тело и го правиш засекогаш видливо и присутно.

13. Отсекогаш се чувствував малку осамен и изолиран од другите луѓе. Многу се „фолирав“ како дете. Тоа беше мој начин да се соочам со фактот дека не можев да почувствувам дека припаѓам некаде.

14. Смртта ја сфаќаш на еден начин кога имаш 20, а на сосема друг начин кога имаш 50.

15. Парите може да ви купат само слобода да го живеете својот живот онака како што сакате. Ништо повеќе.

16. Јас сум еден глупак. Постојат паметни луѓе и глупаци. Јас сум, едноставно, во групата на глупаци.