Категории

Необичен начин за сликање селфи документиран во проектот „Авантурите на чајникот“

Селфито веќе стана досадно, но што да се прави кога се наоѓате на кул локација сами, а тој момент мора да го документирате? Esha Biswas, од Мичиген, нашла необичен начин како да направи селфи фотографии. 

eshabiswas11

Нејзино огледало е чајник, а веќе четири години таа има направено преку 30 селфи фотографии, на обични и на не така обични локации.

„Фасцинирана бев од одразот на околината кој се гледа во чајникот, како да содржи еден цел мал свет во него, а мојата фигура секогаш беше во центарот на светот. Дури и познатите места како спалната, дворовите имаат чудни рефлекции.“ – раскажува Biswas.

eshabiswas5

Чајникот патувал секаде со неа, првата фотографија со него ја направила кога завршувала средно школо, а сега е со неа и на факултет, со неа бил и два месеци во Париз каде ја фотографирала француската култура и живот.

eshabiswas2

„Авантурите на чајникот“ е тековен проект кој расте и живее со неа секојдневно. Ги документира важните настани во својот живот, ги документира сезоните кои се менуваат, патувањата и моменти кои не сака да ги заборави. Повеќе за нејзиниот проект може да видите на нејзиниот вебсајт.

eshabiswas1

eshabiswas3

eshabiswas4

eshabiswas6

eshabiswas7

eshabiswas8

eshabiswas9

eshabiswas10

eshabiswas12

eshabiswas13

eshabiswas14

eshabiswas15

 

Прегледи:
459
Објавено на:
03.10.2016