Категории

Неодоливно вкусно: Чизкејк од кокос

Чизкејк од бисквит и кокос со вкусен прелив. Ви го препорачуваме за специјалните прилики и заедно со вашиот рутински попладневен чај.

Состојки:

За подлогата:

  • 200 гр. колачи со чоколадно полнење
  • 70 гр. мек путер

За фил:

  • 400 мл. кокосово млеко, разладено
  • 500 гр. маскарпоне сирење
  • 100 гр. бело чоколадо
  • 20 гр. ванилин шеќер
  • 3 лажици ликер од кокос
  • 2 лажици желатин
  • 150 гр. кокосови снегулки

Прелив:

  • 150 гр. млечно чоколадо
  • 60 гр. фонтан
  • 15 гр. кокосови снегулки

 

Подготовка:

Обложете го калапот со големина од 24 см со хартија за печење. Ставете ги колачи со чоколадно полнење во блендер и измиксирајте ги. Додадете го мекиот путер и матете додека не добиете хомогена мешавина. Ставете ги на дното на калапот за торта. Притиснете, израмнете и ставете го во фрижидер додека го подготвувате филот.

 

Прелијте го желатинот со минимална количина ладна вода, само за да се покрие. Почекајте 10 минути. Истурете го ладното кокосово млеко во тенџере и додека полека се загрева, додадете го кокосот и ванилиниот шеќер. Гответе уште две минути. Тргнете го од оган, додадете го белото чоколадо, натопениот желатин и кокосовиот ликер. Мешајте додека не се раствори целосно. Оставете го да се излади.

 

Ставете го маскарпоне сирењето во сад и убаво изматете го со миксер околу три минути. Додадете ја смесата од кокос и измешајте да се соединат. Истурете ја врз предходно изладената мешавина од колачи со чоколадно полнење. Изладете ја во фрижидер најмалку два часа.

 

Подгответе ја глазурата – Истурете го претходно исецканото чоколадо. Почекајте една минута и измешајте. Тортата премачкајте ја со глазура и гарнирајте ја со кокос.

Прегледи:
689
Објавено на:
28.08.2019